Поим за финансии и финансирање

Финансии - изразот потекнува од латинскиот збор finantio, што значи рок на плаќање.
Денес зборот финансии се употребува во двојно значење, и тоа :
1. како парични работи на физичките и правните лица, и како
2. активност на државата за собирање, управување и располагање со парични средства.
Финансирање  претставува обезбедување на парични средства за одредена намена.

Основни финансиски поими
· Приход - се добива кога ќе се помножи вкупната количина на продадени производи со цената на производот.
· Трошоците претставуваат вредносен (паричен) израз на потрошените елементи на производството.
Основна поделба на трошоци:
°  Фиксни - фиксните трошоци се долгорочни трошоци. Вообичаено во вкупниот износ остануваат исти, независно од обемот на производство. Не се менуваат при промена на обемот на производството (не зависат од мали промени во однос на големината на линијата на производство или интензитетот на производство).
(Пр: трошоци за амортизација, наемнина на простор, телефонски трошоци, плати на вработени, камата и сл.)
° Варијабилни - променливи трошоци, чијашто големина зависи од обемот на производство, односно тоа се трошоци што се менуваат со менувањето на активноста на бизнисот.
(Пр: суровини и материјали, енергија, транспорт и сл.)

Варијабилни трошоци = Вкупни трошоци - Фиксни трошоци

Меѓутоа, покрај трошоците на непосредното производство, во претпријатијата настануваат и други трошоци - деловни и режиски трошоци, кои се во врска со функцијата на производството (пр: трошоци на продажба, трошоци на разни набавки, организирање, потоа платите на директорот, другите менаџери и сите вработени кои не се директно инволвирани во производството, како и сите заеднички трошоци - греење, осветлување,чистење и сл.)
· Профит (лат. profectus - добивка, корист) - финансиска добивка, заработка изразена во пари, остаток по одбивањето на сите трошоци за производство.

Профит = Цена на производ - Цена на чинење

°     Цена на производ (продажна цена) - паричен износ за кој се продава определен производ или услуга на одреден пазар. Во цената влегуваат трошоците за производство на производот, трошоците за маркетинг и сл. и врз неа влијаат понудата во побарувачката (на пазарот).

°      Цена на чинење - претставува збир на трошоците за производство на еден производ.