Менаџирање на пари едноставно претставува
начинот на кој ги земате, односно пристигнуваат пари во вашиот бизнис и како ракувате со истите. На пример, како ги добивате парите во вашиот бизнис, каде ги оставате (банка, банки, каса…), како ги плаќате сметките со тие пари и како
ги плаќате оние на кои им должите.
Начинот на кој парите
ќе влегуваат и излегуваат од вашиот бизнис ќе зависи од тоа што вие како бизнис прифаќате за начин на плаќање и што ќе договорите со снабдувачите да биде начин на плаќање.
Начин на плаќање претставува договорен
начин на кој купувачот му плаќа на продавачот за купените производи/услуги.
Денес мора да понудите повеќе алтернативни начини за купувачите да можат да платат. Доколку купувачот дојде во компанијата за да купи нешто и има само кредитна картичка за плаќање, а вие не овозможувате плаќање со кредитни картички, тој едноставно ќе биде принуден да си оди и продажбата нема да се реализира.
Од друга страна, еден
од начините на плаќање е и овозможување на купувачот да ги земе производите
и/или услугите и да плати по извесен договрен рок. На пример плаќање за една недела, 30 дена или 60 дена. Тука се клучни две прашања. Прво, кој ќе има можност
да плаќа на одложено. Вообичаено вие ќе треба да подготвите правила кои
ќе ги дефинираат
купувачите (на пример оние кои се постојани купувачи) и колкава треба да биде
продажбата за да му овозможите
на купувачот одложено плаќање. Второто прашање е колкав период на одложување ќе обезбедите. Мора да бидете
внимателни кога го одговарате ова прашање. Едноставно вашиот бизнис
мора да биде во можност да го издржи периодот пред да стигнат парите од
одложено плаќање.
Како некои од најкористени начини на плаќање се следниве:
· Готовина
- купувачот во
готово плаќа за производите или услугите.
· Кредитна
картичка - купувачот
плаќа со кредитна картичка која вие преку посебен апарат доделен од вашата банка ја процесирате
и износот на
продажбата без провизијата на банката легнува на вашата сметка.
· Плаќање
на сметка -
на купувачот му ја кажувате вашата сметка во банка и тој врши пренос на средства од негова на ваша
сметка.