1. Пари - општоприфатено средство за
размена на производите и услугите во една заедница (општество).
Пред појавата на
парите размената на производите и
услугите се извршувала преку таканаречената трампа. Трампата е размена на предмет за предмет, стока за стока, производ
за услуга, и тоа без посредство на пари.
Во текот на
историскиот развој, голем број производи служеле како пари. Вообичаено, кај
сточарските народи, добитокот служел како пари. Номадските народи како средство
за размена употребувале кожи. Како средство за размена се употребувале и
определени парчиња накит. Кај војнички настроените народи за таа цел често
служело и оружјето. Покрај споменатите добра, кои служеле и како употребни
вредности, па и поради тоа биле многу барани, како средства за размена служеле
и предмети кај кои е тешко да се утврди поводот поради кој биле избрани за таа
улога, како, на пример, човечки или животински черепи, огромни камења и друго.
Парите се
јавуваат во физичка форма на монети
и книжни банкноти, и во поново време
во електронска форма (дебитни и кредитни картички, електронско плаќање и сл.)
2. Валута - парична
единица во некоја земја.
Земја
|
Валута
|
Ознака
|
Соодност со денарот
|
Македонија
|
Денар
|
Ден.
|
|
Америка
|
Долар
|
$
|
1$ - 57ден.
|
Англија
|
Фунта
|
£
|
1£ - 81.27ден.
|
Европска Унија
|
Евро
|
€
|
1€- 61.1ден.
|