Маркетинг инструментите или маркетинг
миксот е бизнис алатка користена од маркетерите и сопствениците на бизниси. Се користи кога се одредува ценовната стратегија,
промоцијата или вредноста на брендот. Уште се нарекува и 4П.
1. Се она што
може да се понуди на пазарот за да предизвика внимание, купување, употреба или
потрошувачка и може да ги задоволи некоја желба или потреба претставува производ.
Со производот се
судираат интересите на купувачите и на продавачите кои нудат производи на
пазарот, па оттаму имајќи ги во предвид и конкурентските односи, производот
добива се поголемо значење.
2. Цена - претставува одлично кукурентско
средство бидејќи ги верификува напорите на сите учесници во процесот на
размената. Цената е важна за:
· потрошувачот - бидејќи од неа зависи дали тој ќе го купи производот или нема да го купи,
· продавачот - бидејќи со цената тој настојува да ги покрие вкупните трошоци од своето
работење и да оствари определени ниво на профит.
3. Промоција - со промоцијата се создаваат поволни услови за
настап на пазарот и се информираат потрошувачите за одделните аспекти на
производот, a со тоа се влијае врз нивното
понатамошно однесување во процесот на
купување.
4. Дистрибуција - ги вклучува активностите
од завршувањето на производствениот процес, па се до продажбата, наплатата на
производите и активностите кои следат потоа. Во рамките на дистрибуцијата се
отсварува физичкото движење на производите и трансферот на сопственоста.
Освен основните
4П во маркетингот често се додаваат уште неколку инструменти :
-
процес,
-
луѓе,
-
физички параметри,
-
продуктивност и квалитет.