Улога и суштина на маркетингот

Зборот маркетинг потекнува од зборот „market“ што значи пазар и од суфиксот „ing“ кој означува некоја акција или процес, што би значело некое пазарно дејствие, акција што се одвива на пазарот во економска смисла.
Многу автори сметаат дека маркетингот се сведува на рекламирање и продавање што е тотално погрешно бидејќи тие се само дел од многуте функции на маркетингот.
Маркетингот е процес или техника на промоција, продажба и дистрибуција на производот или услугата т.е. збир на функции вклучени во движењето на производите од производителот до потрошувачот. Значи маркетингот ги опфаќа сите активности кои ги превзема една компанија за своите производи да ги стави во рацете на своите крајни потрошувачи, исклучувајќи ги само оние активности кои на некој начин можат да ја изменат формата на производите.
Фундаменталната задача на маркетингот и на луѓето кои се занимаваат со маркетингот е да се стави во фокус на вниманието на купувачот и неговите потреби и желби. Според маркетингот купувачот е секогаш во право!
Целта на маркетингот е и да утврди што сака купувачот, односно што за купувачот претставува вредност, желба или потреба и секогаш мора да се излезе во пресрет на нивните барања, насочувајќи се кон одредена целна група каде може да се оствари најголем профит. Тоа значи дека кога се формира маркетинг стратегија треба да се сегментира пазарот односно да се најде целна група врз која ќе биде имплементирана маркетинг стратегијата. Неможат да се задоволат сите потрошувачи одеднаш. Пр. целна група постари лица, жени, тинејџери, мали деца, млади родители, пензионери, невработени и сл.
Во маркетингот вообичаено, целите се дефинираат со помош на следните показатели:
·      обем на продажба,
·      пазарно учество,
·      остварениот профит,
·      создавање на корист и
·      врски со купувачите.

Маркетинг поими:
·     Побарувачка - количество на производи и услуги кои крајните потрошувачи се спремни да ги купат.
·     Понуда - количеството на производи и услуги кои една компанија е спремна да ги пласира и продаде на пазарот.
·     Продажба - процесот на размена на парични средства за добра и услуги.
·     Бренд - е колекција на искуства и асоцијации поврзани со услуга, личност или некој ентитет.
·     Задоволство на потрошувачите - степенот до кој една компанија ги исполнува желбите, потребите на потрошувачите.
·     Интеренет маркетинг - остварување на маркетинг целите преку примена на дигиталните технологии.
·     Таргет група - (уште се нарекува целна група) се група на потрошувачи кон кои одредена компанија решава да ги насочи своите маркетинг напори и стратегии.